Девет улици во 2016 година ќе добијат гасоводна мрежа

Сподели со своите пријатели

Девет кумановски улици во 2016 година ќе се приклучат на гасоводната мрежа на ЈП „Куманово – гас“, според програмата за работа која денеска беше усвоена на 46-та седница на Советот на Општина Куманово.

Најпрвин е предвидено копање ровови и нивно враќање во првобитна состојба  и тоа во должина од 4 илјади метри со што улиците: „Перо Чичо“, „Цар Самуил“, „Партизанска“, „Титова Митровачка“, „Треска“, „Јоско Илиевски“, „Васко Карангелевски“, „Моша Пијаде“ и „АВНОЈ“ ќе станат дел од гасоводниот тек.

Како шти изјави директорот на ЈП „Куманово – гас“, Драган Петровски, дел од средствата ќе бидат искористени и од Буџетот на општината.

Планираме покрај средства кои треба да ги добиеме од Буџетот на Општина Куманово во износ од 1.619.201 денар, на приходната страна да оствариме приходи по основ на приклучок, дистрибуција и снабдување се до 1.674.250 денари, што значи вкупно планирани приходи ќе бидат 2.293.451, а расходите во оваа работна програма се видно намалени и ќе бидат 8.323.240 – вели директорот за изгласаната рограма за 2016 година.

Во новата програма се предвидени и 15 милиони денари за инвестиции од типот на материјални, односно нетековни вложувања, а исто така 612 илјади денари се предвидени и за промоција, пропаганда и реклами.

Што се однесува за работата на претпријатието во текот на третиот квартал, остварени се приходи од 197 илјади денари по основ на приклучна такса.

Приходите биле поголеми во овој квартал, но со оглед на претходните седници имаме донесено одлука на 12 рати граѓаните да можат да ја плаќаат приклучната такса и затоа овие приходи се на 197 илјади денари – изјави Петровски.

Куманово гас по однос на репрезентација според тримесечниот извештај има потрошено само 369 денари, а намалени трошоци има и по основ на гориво и енергетика.

Инаку до сега има 30 индивидуални приклучоци на гас, и тоа една колективна зграда со 34 станбени единици каде има 18 приклучоци, а другите се домаќинства куќи, како и неколку средни и основни училишта.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.