Дури девет пожари вчера изгаснале кумановските пожарникари на различни локации низ Куманово и Липково.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во атарот на селото Пчиња горела сува трева. Интервенирале тројца пожарникари во период од 11:10 до 13:15 часот.
Кај месноста Циглана – Ново Куманово, исто така горела сува трева. Интервенирале двајца пожарникари од 11:35 до 12:30 часот.
И во Агино село горела сува трева. Во период од 12:35 до 14:40 часот интервенирале двајца пожарникари.
На улицата „11 Октомври“ гореле три контејнери со ѓубре. Интервенирале двајца пожарникари во период од 14:00 до 14:25 часот.
Во липковско Ваксинце исто така горела сува трева. Интервенирале тројца пожарникари во период од 14:04 до 14:45 часот.
Кров од ВИкендица и сува трева страдале во друг пжар во атарот на Агино Село. Тројца пожарникари го гаснеле онот во период од 14:40 до 17:20 часот.
Сува трева горела и во село Черкезе. Таму интервенирале двајца пожарникари во период од 15:50 до 16:50 часот.
Стништа горела во атарот на село Пчиња. Интервенирале четворица пожарникари со две противпожарни возила од 14:25 д 16:30 часот.
Во атарот на селото Романовце горела сува трева. Интервенирале четворица пожарникари во период од 17:50 до 22:40 часот.
Според последните информации, утринава нема активни пожари.
Никола Ивановски