Девет лица повредени во вчерашната сообраќајна незгода

Сподели со своите пријатели

Девет повредени, од кои едно потешко е билансот од вчерашната страотна сообраќајна несреќе што околу 20:40 часот се слулчи на крстосницата од бул.„Октомвриска Револуција“ и ул.„Глигор Прличев“ во близина на Спортската сала, информираат денес од Министерството за внатрешни работи.

Во незгодата учествувале патничко моторно возило марка „Шкода“ со кумановски регистерски таблици управувано од М.Л.(20) од Куманово, „Сеат Ибица“ со кумановски регистерски таблици управувано од Н.Р.(18) од Куманово и „Волксваген Пасат“ со кумановски регистерски таблици кое било паркирано паркирано од Е.В.(39) од Куманово, но настрадале и две деца (пешаци) на возраст од седум и пет години од Куманово.

Во незгодата со телесни повреди се здобиле осум лица, на кои им е укажана лекарска помош во МЦ-Куманово, додека едното дете на возраст од седум години по укажаната лекарска помош во Куманово било префрлено на Ургентен центар Скопје, каде му биле констатирани тешки телесни повреди (фрактура на череп) и е вон животна опасност.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово.

Над возачите било извршено алкотестирање при што кај возачот М.Л. било утврдено присуство на алкохол во крвта од 1,02 промили. Се работи на целосно расчистување на случајот.