Детска порака која го расплака целиот свет (фото)

Сподели со своите пријатели

„Мама нема доволно пари, така да Пандата ќе ми ја купи дури следната недела. Ве молам да не ја купувате затоа што тоа ќе ме расплаче. Многу ви е благодарен можеби следниот сопственик“ – пишува на пораката на кутијата во која се наоѓа плишана панда.

Loading...

Со својата искрена порака 10-годишниот Леон допре до работниците во продавницата па тие одлучиле да го изненадат. За да го пронајдат момчето од пораката, истите го објавиле на социјалните мрежи.

Деби Ешворт го препознала ракописот на својот син и се јавила. Вработените потоа ги повикале во продавницата, но задолжително со синот затоа што имаат изненадување.

Малиот Леон го чекала неговата Панда, а тој бил пресреќен.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.