Дете од Куманово е повредено во сообраќајка во Тетово

Сподели со своите пријатели

Шест годишно дете од Куманово е потешко повредено во сообраќајна незгода што се случила вчера околу 18 часот на булеварот Видое Смилевски Бато во Тетово, информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Loading...

Според информациите на СВР Тетово,  во несреќата, ПМВ марка БМВ со швајцарски регистарски таблички управуван од Л.Ф.(26) го удрило детето кое пешки го преминувало булеварот.

– Од ударот детето се здобило со скршеница на десната натколеница и повреди на главата и по укажаната права помош во тетовската клиничка болница било префрлено на скопските клиники, каде било задржано за натамошно лекување, рече Јосифовски.

Тетовската полиција по овластување на јавниот обвинител извршила увид на местото од сообраќајката и според првичните информации причина за несреќата е невнимателно преминување на улицата од страна на детето.