Дете од Дебар меѓу новозаболените, моментално седум лица се тестираат

Сподели со своите пријатели

Петнаесетгодишно дете е меѓу четирите новозаболени со коронавирусот кои се регистрирани во текот на вчерашниот ден, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

Loading...

Сите четворица веќе се на пат од Дебар кон Клиниката за инфективни болести во Скопје, со што бројот на заразените изнесува 12.

Првата пациентка од Дебар од утрово е на апарати за вештачко дишење и нејзината состојба е влошена. Уште седум лица моментално се тестираат.

– Во овој момент се тестираат седум лица, шест од нив од Дебар, материјалите се земени вчера од нашите колеги од Институтот за јавно здравје кои работеа заедно со епидемиологот и техничарот од Дебар во насока на подобрување на капацитетите. Од тие шест четворица имале директен контакт со заболените, втората група пациенти, со цел да се осигураме за здравствената состојба брисеви се земени од епидемилиогот и техничарод од Центарот за јавно здравје Дебар и уште едно лице странски државјанин, рече Филипче на денешната прес конференција.

Непосредно пред прес конференцијата, двајца македонски државјани кои се вратиле од Шпанија имале покачена темпратура и симптоми, па од нив се земени брисеви за тестирање.

Во однос на Дебар каде владее кризна состојба, Филипче информираше дека болницата е организирана и има на располагање доволно лекари.

– Во Дебар болницата е организирана таа да епидемилогот, инфектолози од болницата и од Дебарска бања се сега на располагање на сите пациенти од овој регион. Тие ќе работат во една или две смени, а ќе бидат на повик конитнуирано, одговорно лице за организацијата е директорот на дебарската болница. Има посебен дел од болницата каде е како физички одделено одделение со посебен влез каде треба да се упатуваат за преглед сите пациенти од овој регион кои ќе добијат симптоми слични на грип и епидемиолгот ќе одлучи дали ќе се земе материјал и ќе се прати во Скопје, вели Филипче.

Итните случаи со специјална дозвола од директорот на дебарската болница ќе се праќаат во Струга или Скопје.

Loading...

Дебар ќе биде снабден и со лекови, вели Филипче, кој утринава на таа тема разговарал со директорката на Агенцијата за лекови.

– Засега во Дебар е мирно, нема никакви проблеми, луѓето се мирни, целосно разбираат за што станува збор, оваа засилена екипа на лекари, ако треба дополнително ќе се зголеми бројката ако ситуацијата укаже дека има птореба од експерти во Скопје, регрутиравме тим кој ќе се прати и се целосно на располагање на пациентите, информираше министерот.

На помош е и Министерството за внатрешни работи, чии припадници се подготвени за било каква асистенција на лекарските тимови.

Никола Ивановски

Leave a Reply