Дете каснато од куче во Куманово

Сподели со своите пријатели

Малолетник вчера бил каснат од куче на улицата „Лесковачка“ во Куманово, додека се шетало со својата мајка.

Loading...

– На 02.06.2020 во 20.00 часот во Полициската станица Куманово било пријавено дека околу 18.50 часот на патека на ул.„Лесковачка“ во Куманово малолетник, кој бил заедно со неговата мајка М.М., бил каснат од куче кое било без заштитна корпа, сопственост на непознато лице, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Малолетникот бил пренесен во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош. Се работи на расчистување на случајот.

Никола Ивановски

Leave a Reply