Дете бегалец од Сирија секој ден гледал во овој излог, само со една желба… (фото)

Сподели со своите пријатели

Сопственик на една теретана во Турција преку ноќ стана вистински херој на социјалните мрежи со чекорот со кој го направи среќно 12-годишното момче пребегано од Сирија.

Имено, малиот Мухамед Халит, бегајќи од војната во својата земја дошол во Турција на чии улици чисти обувки за да заработи за живот.

Loading...

Фотографијата на момчето, кое и самото нема адекватни обувки, како стои пред теретата гледа во справите за вежбање, бргу се раширија на социјалните мрежи па пристигнале и до сопственикот на теретаната.

– Кога го видов како стои пред излогот на теретаната во папучи среде зима, со опрема за чистење обувки на грбот, знаев дека мораме да го пронајдеме, рекол сопственикот.

А кога го пронашол, му соопштил дека доживотно има бесплатно право на користење на теретаната и сите програми во неа.

Момчето секако било воодушевено и рекло дека доживеало остварување на сонот.

– Ме пронајде и ми помогна. Отсекогаш сакав да ослабнам, а сега верувам и едка ќе успеам вежбајќи тука, рекол тој.