Детална анализа од досега регистрираните случаи на коронавирус во Македонија

Сподели со своите пријатели

СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – 26.03.2020

Loading...

Пријавени се вкупно 18 нови случаи на COVID-19 од 4 градови. Најголем број од пријавените лице се со место на живеење во Скопје.

Дистрибуција на заболени од COVID-19 по град и општина, РС Македонија, 2020

Најголем дел од регистрираните случаи се на возраст од 30-39 години (n=7), а во однос на дистрибуцијата по пол, по 9 се машки и женски.

Хоспитализирани се 4 лица, а останатите се на домашно лекување.

Кај пет лица е регистрирано присуство на коморбидитети.

Вкупно 11 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата.

Loading...

Тестирани се вкупно 369 материјали во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при ИЈЗ и во приватните лаборатории. Позитивни се 18 или 4,9% од тестираните.

КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Заклучно со 26.03.2020, пријавени се вкупно 219 случаи на COVID-19 (I=10,6/100.000).

Според место на постојано живеење, случаи на COVID-19 се регистрирани во 10 градови: Скопје (n=134), Дебар (n=43), Куманово (n=17), Штип (n=8), Прилеп (n=6), Велес (n=3), Охрид (n=3), Кавадарци (n=2), Тетово (n=2) и Гостивар (n=1) (Картограм 1).

Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Дебар со 154,9 заболени на 100.000 жители, а во Скопје инциденцата е 21,7 на 100.00 жители, додека во Штип инциденцата на 100.000 жители е 15,2.

Дистрибуција на заболените од COVID-19 по градови, (n=219)

На ниво на општина на територијата на ЦЈЗ Скопје, пријавени се заболени лица во 10 општини, а најголем број на заболени се регистрирани во Карпош (n=27).

Loading...

Дистрибуција на заболените од COVID-19 по општини, Скопје (n=134)

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 109 машки и 110 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 10,5/100.000, додека кај женските 10,7/100.000.

Возраста на заболените се движи од 2 до 91 години (медијана – 44 години). Најголем број на заболени се на возраст од 30-39 години – 51 (23,3%) и 50-59 години – 50 (22,8%) каде е регистрирана и највисока специфична инциденца од 18,0/100.000 жители.

Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група, (n=219)

Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран во 9-та недела, а од 11-тата недела во 2020 континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=29) е регистриран на 21 и 24.03.2020.

Loading...
Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според ден на лабораториска дијагностика, 2020 година (n=219)

Од пријавените случаи, 48 или 21,9% се/биле хоспитализирани во текот на болеста, а 171 случај се на домашно лекување и во домашна изолација, асимптоматски или со полесна клиничка слика. Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани кашлица (67,1%), температура (64,5%), слабост (30,3%), главоболка (26,3%), болка во грло (21,7%) и треска (20,4%), а 67 лица се без изразени симптоми.

Во однос на коморбидитети, кај 46 лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 33 лица имаат кардиоваскуларна болест, 8 лица се со хронична белодробна болест, 5 со дијабет, 4 со хронична бубрежна болест и 7 со други хронични болести.

Регистриран е 21 случај на заболување меѓу здравствени работници. Од овој број, 14 се заболени во болнички/ амбулантски услови.

Според исходот од заболувањето, кај 213 лица се активни случаи, три случаи се испишани од болница со излечена болест, а регистрирани се 3 смртни случаи.

Од вкупниот број на случаи, 33 се импортирани, од нив едно лице е детектирано на точка на влез (Меѓународен аеродром Скопје).

Loading...

Од 15.02.2020 до 26.03.2020 тестирани се вкупно 2.240 материјали (219 позитивни), од кои 1.411 во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при ИЈЗ и 829 во приватните лаборатории.

Вкупен број на тестови направени за COVID-19 заклучно со 26.03.2020 во Р.С. Македонија (n=2.240)

Од позитивните случаи, регистрирани се 822 контакти кои се следат или беа следени во период од 14 дена. Од регистрираните, 186 случаи се со локална трансмисија.

ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19

Loading...

Проценката на ризик на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е многу висок.

Според категоризацијата на ризикот од СЗО, се проценува дека:

  • Дебар е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
  • Скопје е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
  • Останатиот дел од Република Северна Македонија е во фаза 2 (спорадични случаи).

Во општините Дебар и Центар Жупа беше прогласена кризна состојба и карантин на 13.03.2020 година во времетраење од најмалку 30 дена.

На територијата на цела држава е прогласена вонредна состојба на 18.03.2020 година во времетраење од најмалку 30 дена.

Со цел спречување на понатамошно ширење на вирусот на територијата на целата држава, Владата одлучи: Да се забрани движење на населението во Република Северна Македонија во временски период од 21:00 – 05:00, а со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението во Република Северна Македонија.

Loading...

Дополнително, се забранува движење на лицата во Република Северна Македонија со возраст од 67 години, во временски период од 11:00 часот до 5:00 часот наредниот ден.

Се забранува движење на лицата во Република Северна Македонија со возраст до 18 години, во временски период од 21:00 часот до 12:00 часот наредниот ден, и се забранува движење на возила од јавен превоз на територијата на Република Северна Македонија, во временски период од 21:00 часот до 5:00 часот наредниот ден.

Владата на Република Северна Македонија на 27-та седница ја дополни Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија со забрана за влез и излез од и во подрачјето на територијата на општина Куманово со градски и меѓуградски патнички и железничкиот патнички јавен превоз.

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЈАВНОСТА

Лицата кои имаат симптоми на грип или симптоми слични на грип (покачена температура над 38°С, треска, отежнато дишење, болки во градите, сува кашлица и др.), од страна на избраниот лекар прво да се прашаат за историја на патување во странство и можен контакт со потврден случај. Избраниот лекар закажува термини за тестирање.

Само доколку лицето со симптоми патувало во земја со висок ризик или среден ризик или имал контакт со потврден случај да се упатува да се јават на бесплатниот телефонски број за прашања поврзани со коронавирусот.

Loading...

Институт за јавно здравје на РСМ

Leave a Reply