Детали за нападот во Франција, објавено е и видео од наводниот напаѓач

Сподели со своите пријатели

Во паркот покрај езерото во Анеси, деца на околу три години биле на утринско излегување кога одеднаш се појавил маж со нож и почнал да ги боде.

Loading...

Некои од децата биле во колички, јавува Би-Би-Си.

Напаѓачот потоа побегнал од местото на настанот, па нападнал постар човек кој се движел во близина.

Во тој момент интервенирала полицијата, при што напаѓачот бил застрелан во нозете и го совладале.

Две деца и еден постар маж се во болница во критична состојба.

Полицијата соопшти дека напаѓачот е сириски барател на азил.

На социјалните мрежи кружи видео на кое наводно се гледа како родители го фаќаат напаѓачот по нападот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што ја очекува Европа ова лето, по рекордниот топлата пролет?

 

Loading...