Десетта голема ерупција на Етна од средината на февруари: Изгледа спектакуларно (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Спектакуларен портокалов облак од пепел и лава се крена над сицилијанските села минатата ноќ по ерупцијата на Етна.

Loading...

Ова е 10-та голема ерупција на Етна од 16 февруари, кога повторно избувна најактивниот европски вулкан.

 

Столб од чад и пепел беше фрлен на висина од 10.000 метри, а осум околни села беа покриени со пепел и камења, додека врела лава течеше по падините на југоисточниот кратер кон ненаселената област, соопшти Националниот институт за геофизика и вулканологија на Италија (INGV).

 

Извештаите наведуваат дека нема жртви, повредени или сериозна материјална штета, а во соопштението на ИНГВ се вели дека ветровите ги носат облаците од пепел подалеку на исток и дека веднаш по ерупцијата се регистрирани нови земјотреси.

Loading...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *