Повеќе од 45 земји одговорија на итниот апел на турските власти за поддршка и испратија спасувачки тимови и хуманитарна помош.
Десетици земји и организации понудија спасувачка помош во југоисточна и северозападна Турција и во соседна Сирија, кои беа погодени од земјотреси во понеделникот во кои загинаа илјадници луѓе.
Франција, Шпанија, Унгарија, Бугарија, Полска и неколку други земји-членки на ЕУ испратија опрема за отстранување отпад и тимови за пребарување и спасување.
Руските војници обезбедуваат помош во Сирија, а Москва испраќа и четири авиони со спасувачи и опрема во Турција.
САД изразија подготвеност да им помогнат на жителите „од двете страни“ на турско-сириската граница погодени од земјотресите, додека Вашингтон ја отфрла можноста за директна интеракција со сириската влада.
Грција, која има тешки односи со Турција, испрати тим од 21 спасител, пет лекари, сеизмички експерт и градежен инженер во областа на катастрофата.
Израелските власти испраќаат воен спасувачки тим во регионот. Премиерот Бенјамин Нетанјаху го одобри барањето за хуманитарна помош за Сирија добиено преку дипломатски претставник.
Помош испраќа и Македонија, откако таква одлука вчеравечер донесе македонската влада.
Активна потрага по преживеани е во тек во погодените области на Турција и Сирија.
Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.