Десетици илјади луѓе излегоа на улиците во Виена против десничарите кои сакаат да ги протераат странците од ЕУ

Сподели со своите пријатели

Десетици илјади луѓе синоќа протестираа во Виена против десничарскиот екстремизам и расизам.

Loading...

Собирот уследи по неколкунеделни слични протести во Германија, по извештајот на истражувачкиот портал „Коректив“ дека членовите на германската крајнодесничарска опозициска партија Алтернатива за Германија (АфД) присуствувале на состанок на кој се разговарало за протерување на граѓани од странско етничко потекло.

На состанокот, Мартин Селнер, австрискиот лидер на екстремно десничарското движење Идентитаризам, предложи проект за „ремиграција“, според кој некои имигранти би можеле да бидат принудени да ја напуштат Германија – дури и ако имаат државјанство.

Селнер потврди дека бил на состанокот, но негираше дека предложил нешто незаконско.

Германските власти сега размислуваат за потенцијални забрани за влез на Селнер.

Во Германија за денеска напладне се најавени нови граѓански протести.

Германскиот канцелар Олаф Шолц изрази загриженост поради порастот на екстремно десничарските тенденции во неговата земја 79 години по ослободувањето на логорот за истребување Аушвиц.

„Постојано се појавуваат нови извештаи: за неонацистите и нивните мрачни мрежи“, рече социјалдемократот во снименото видео обраќање објавено во саботата во знак на комеморација на ослободувањето на Аушвиц. Беше ослободен од советските трупи на 27 јануари 1945 година.

Loading...

„Истовремено, десничарските популисти стануваат се посилни, поттикнуваат страв и сеат омраза“, рече Шолц, додавајќи дека тоа не треба да се прифати.

Протестите низ земјава влегуваат во третата недела.

Демонстрантите сакаат да ја ограничат поддршката за AfD, која е на второ место на национално ниво и прва во трите источни германски покраини каде што годинава се одржуваат избори.