Десет стари и изнемоштени побарале асистенција од Општина Куманово

Сподели со своите пријатели

Десет стари, болни и изнемоштени лица во текот на вчерашниот ден се јавиле во општина Куманово со цел вработените од локалната самоуправа да им набават прехрамбени продукти и лекови.

Loading...

Како што информираше градоначалникот Максим Димитриевски на денешната прес конференција, граѓаните сами ги покриваат трошоците за набавка, а асистенцијата е бесплатна.

– Во оваа активност ни се приклучи и Општинскиот Црвен Крст. Во текот на вчерашниот ден имавме десет јавувања од наши сограѓани и денеска се асистира на истите лица. За асистенција на болни и изнемоштени лица, на располагање им стои и Меѓуопштинскиот центар за социјална работа, каде граѓаните можат да се јавуваат на телефонскиот број 031-438-160, информираше Димитриевски.

Сите јавни и приватни установи, се препорачува, да дадат приоритет на лицата задолжени за помош на болни и изнемоштени граѓани.

– Се препорачува на повозрасните граѓани да во случај на потреба за добивање на извештај од специјалист или користење инсулинска терапија, да не одат лично во Центарот за јавно здравје, можат да пратат друго лице или да ја користат нашата асистенција и да ги подигнат истите лекарства во нивно име. Исто така лицата кои треба да се јават на редовна конрола, а се во стабилна состојба, можат истата да ја одложат во консултација со нивниот матичен лекар, информираше градоначалникот на Куманово.

Како што рече и Димитриевски, а и според информациите од Министерството за здравство, во Куманово засега нема потврдено присуство на вирусот.

https://www.facebook.com/kumanovskimuabeti1/videos/513488192677438/

Никола Ивановски

Leave a Reply