Десет нови медали за кумановските атлетичари и срушен рекорд за Матеја Ефремовска (галерија)

Сподели со своите пријатели

Атлетичарите на Атлетски клуб Куманово се вратија од Државното првенство за пионери со освоени вкупно 10 медали и тоа: два златни медали, два сребрени и шест бронзени, и нов државен рекорд за Матеја Ефремовска.

 

Loading...

[huge_it_gallery id=”380″]

 

Најдоминантни беа во дисциплината скок во височина освојувајќи прво и трето место во машка конкуренција, како и второ место во женска конкуренција.

Покрај скокачките, кумановските атлетичари се истакнаа и во фрлачките дисциплини каде освоија две трети места во фрлање диск и ѓуле во женска конкуренција и второ место во фрлање ѓуле во машка конкуренција.

Матеја Ефремовска која настапи вон конкуренцијата, по трет пат го сруши државниот рекорд во фрлање диск, додека Иван Тимчевски за кого ова е последна година како пионер оствари личен резултат на 1.000 метри и победи на истата трка.