Десет кумановки минаа обука за фризерски занает со помош на невладините и општината (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Десет жени од Куманово на возраст од 30 до 35 години минаа обука за фризерски занает, која беше спроведена во рамките на проектот „Занаетот моја сигурна иднина“.

Loading...

Проектот беше поддржан од Општина Куманово и невладините организации „Мајка“, „Коло на српските сестри“ и „Сирма“.

 

 

Како што истакна актуелниот градоначалник на општината Максим Димитриевски, набавена е и почетна опрема за отпочнување со работа.

– Во рамки на проектите за самовработување Општина Куманово во соработка со три хуманитарни организации, „Мајка“, „Коло на српските сестри“ и „Сирма“, организираше обука за самовработување и стекнување на нови вештини, се работи за десет лица, десет дами од Куманово. Завршија обука за фризерски услуги и дополнително е набавена и почетна опрема за отпочнување со работа во делот на самовработување и таквите активности за да можат да вршат ваков тип на услуги, изјави Димитриевски.

 

Loading...

 

Како што рече тој, општината финансиски учествувала во проектот со 200.000 денари и упати надеж дека дел од овие кумановки наскоро ќе отпочнат и свој бизнис.

 

 

Според Лидија Илијевска од НВО „Мајка“, целта на проектот е жените кои се невработени или останале без работа во текот на пандемијата, да се стекнат со занаетски вештини и отпочнат свој бизнис.

– Сакавме овие жени кои се невработени или кои што останале без работа како последица на пандемијата, да ја обезбедат понатаму во иднина да отпочнат сопствен бизнис или да се вработат во некое фризерско студио, затоа што добиваат сертификат кој е верификуван од Центарот за образование на возрасни соодветен како да завршиле фризерско училиште, рече Илијевска.

Loading...

 

 

Таа упати надеж дека барем половина од нив ќе отпочнат сопствен бизнис со што ќе придонесат и кон намалување на невработеноста на жените во општината, а за себе и своите семејства ќе обезбедат подобра егзистенција.

Никола Ивановски