Дерматолог открива како Оскаровците ги затегнуваат вилиците пред црвениот тепих

Сподели со своите пријатели

Дали кога ќе го гледате доделувањето на Оскарите ве изненадува свежиот и сјаен изглед на ѕвездите од црвениот тепих? Едноставно не можете да одолеете, а да не посакате да направите третман на лице кое ќе ви даде таков холивудски сјај. Ви откриваме зошто тоа ѕвездите го користат и каква е нивната нега на кожа.

Loading...

Ова е „intraceuticals“ третман на лицето (третирање на најдлабоките клетки на кожата со чистење и хидрирање) техника која ја користат јавните личности пред да излеза пред рефлектори на црвениот тепих. Некои од ѕвездите кои јавно признале дека тоа го користеле се Џулијан Мур, Мишел Вилијамс, Аманда Сејфрид, Сузан Сарандон и Ким Кардашијан.

За ралзика од ласерите, инекциите и пилингот, при овој третман нема нелагодности или ризик  од реакциите, нема игли.

Додека сте во процедура имате чувство како вашето лице да се лади и чувствувате смирувачко чешање.

Се содава вашиот сопствен резервоар на хидратација, кој го подобрува тонусот и текстурата на кожата. Ако немате влага во кожата залудни се сите други третмани, затоа што тие нема да делуваат на вас, ниту ќе ве подмладат. Поентата е кожата да изгледа поцврсто, без оглед во кои сте години.

По третманите образите изгледаат пополни и повисоки, усните посочни, а веќите подигнати. Ќе добиете многу суптилна контура затоа што сте ја додале хидратацијата во внатрешноста на кожата на начин на кој типичната крема не е во состојаба.

Конечно разбираме зошто сите „ангели на Викторија“ го прават овој третман пред да излезат на сцената.

Лорд Гавин Меклеод Валентин, дерматолог кој ги прави овие третмани, знае колку пати тоа го правила Ким Кардашијан и дали нејзиниот негува и совршен изглед потекнува од естетската хирургија.

Loading...

– Ким има најубава кожа која ја имам видено во животот. Навистина мислам дека таа е одличен пример за некој што е доследен и посветен на добрата нега. Секако има неверојатна структура на коските и прекрасни очи. Таа го одзема здивот. Не мислам дека направила голем дел од работите за кои е обвинета, вели Гавин.

Тој на своите клиенти им пружа многу совети за одржување на тенот во врвна состојба.

– Советувам да пиете многу вода, квалитетно да се храните, да земате суплементи и да спиете многу. Избегнете го УВ зрачењето, тоа ја дехидрира кожата. Луѓето не сфаќаат дека мобилните телефони ја крадат влагата од вашето лице, па би требало да ги користите што помалку, вели Гавин.

Leave a Reply