Денот на пожарникари одбележан во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Помал број на интервенции, поуспешно справување со предизвиците, доопремување и модернизација на територијалната противпожарна единица во Куманово, но и потребата од набавка на мобилна скала за пристап до повеќекатните згради при евентуални пожари е она што посакаа надлежните по повод Денот на пожарникарите во државава.

Loading...

Изминативе месеци од почетокот на пандемијата, пожарникарите покрај извршувањето на редовните задачи, беа вклучени и во активности за превенција од ширење на коронавирусот во Куманово, како дезинфекција на јавни површини, згради, улици, во делење на пакети за ранливите категории граѓани.

 

 

-Им го честитам празникот на пожарникарите во целата држава и на моите колеги, да имаат што помалку работа и што поуспешно да се справиме со предизвиците пред нас. Веќе работиме на набавка на нова заштитна униформа за шумски пожари. Се надевам дека во најскоро време ќе ја добиеме и неа. Работиме уште еден проект кој досега како се одвиваат работите оди во наша полза и се надевам дека и од таа страна ќе добиеме некои средства за доопремување на противпожарната единица и се надевам искрено дека до крајот на годината ќе имаме за што да зборуваме околу модернизирање на самата територијалната противпожарна единица Куманово. Во моментов, како и досега ќе продолжиме да интервенираме на територијта на сите три општини, тешко е во секој случај, недостасува можеби уште кадар, добро би ни дошло некое ново возило, но што е тука е, полека се обидуваме во рамките на можностите на општината да дојдеме до некои материјално технички средства кои во голема мера би ни го олесниле работата, изјави Деан Илиевски, командир на ТППЕ Куманово.

 

Loading...

 

Градоначалникот Максим Димитриевски на Денот на пожарникарите посочува дека противпожарните служби во државата со децении наназад работат со застарена опрема, потсетувајќи дека пред година ипол општината набавила лична заштитна опрема за оваа единица, а во тек е постапката за набавка и доопремување на нови летни униформи за шумски пожари.

-Сакам во оваа прилика да го честитам Денот на пожарникарите во целата држава и во нашиот град, да им посакам да имаат помалку работа, а да бидат што поопремени. Воедно, обезбедивме и едно возило со согласност на Советот на општината и од буџетот на Општина Куманово издвоивме средства за мобилно возило за брзи интервенции кое што се користи повеќе за логистика, потребна е дополнителна опрема, но потребни се и дополнителни средства. Мора да потенцирам дека Општина Куманово е најголемата во државата, но за жал, се уште не располага со мобилна скала со која што можеме да пристапиме на висококатниците и да интервенираме во случаи на пожари. Сведоци сме на голем број немили настани каде што нашите пожарникари учествуваат во гасење на пожари каде што има доста импровизација, но сепак се успешни, бидејќи не поседуваме таква опрема софистицирана и се надевам дека државата ќе најде начин и ќе изнајде средства за да ги доопреми противпожарните бригади во нашиот град , а и во останатите градови бидејќи тие истите беа преземени од страна на локалните самоуправи од министерството за внатрешни работи и најголем дел од средствата кои што се финансираат и за исплата на платите и за обезбедување на материјално- технички средства за работа се сепак средства од општинските буџети кои што се скромни. Потребна е организирана акција на државно ниво за доопремување на противпожарните бригади. Кога веќе се дава еднаш надлежност од централно на локално ниво тогаш треба да се пренесат и посериозни средства за капитални инвестиции во делот на доопремување, изјави Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово.

 

 

Противпожарната единица продолжува да интервенира на територијата на Куманово, Липково и Старо Нагоричане, иако од први јануари годинава и Старо Нагоричане доби статус на територијална единица, вели Илиевски. Единицата распола со осум функционални возила, две теренски, 48 вработени.

 

Loading...

 

Од почетокот на годината досега противпожарната единица имала 134 интервенции, значително помал број на пожари споредбено со минатата година кога само во март месец имало 140 интервенции.

Leave a Reply