Денот на АРМ одбележан во кумановската касарна

Сподели со своите пријатели

Со воена свеченост во касарната „Боро Менков“ во Куманово денеска беа одбележани 26 години од формирањето на АРМ.

На присутните им се обрати заменик-началникот на штабот на Здружената оперативна команда, полковник Жикица Јовановски кој се осврна на почетоците на формирањето на Армијата и активностите кои таа ги преземаше низ годините.

Во наредниот период потребно е да се останеме фокусирани кон исполнување и одржување на високите професионални стандарди, како што се обученоста и извежбаноста на персоналот и единиците за исполнување на уставната обврска, но во истовреме да обезбедиме интероперабилни и борбено способни капацитети за исполнување на проектираните обврски на патот кон полноправно членство во НАТО и ЕУ, рече полковник Јовановски.

Пред присутните беа прочитани телеграмите со честитки, а беа наградени и унапредени припадници на АРМ. Присутните градоначалници на општините од североисточниот регион, од институциите, установите, граѓаните на денешното одбележување на 18-август имаа можност да разгледаат и дел од опремата и вооружувањето со кое располага АРМ.

фото: архива

Loading...

Leave a Reply