Денеска засилен ветер, утре значително потопло

Сподели со своите пријатели

Времето утринава е ветровито и не многу студено со зголемена облачност во западните делови од земјата. Дува умерен претежно северозападен ветер најизразен на повисоко во Ѓуриште и на Тополчани и во Тетово на северозападот.

Loading...

Денес, според синоптичарите на Управата за хидрометеоролошки работи, ќе преовладува променливо облачно време и ќе дува повремено засилен северен ветер најизразен на северот и западот. Претежно во северните делови ќе има појава на слаб локален дожд на пониските места, а на планините локално ќе провејува слаб снег. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12 степени.

Утре и во петок ќе биде претежно сончево со значителен пораст на дневната температура. Во петок во поголемиот дел од земјава максималните температури ќе бидат во интервал од 15 до 20 степени. Повторно зголемување на облачноста со услови за слаб локален дожд се очекува во сабота.

Leave a Reply