Денеска заседаваше Кризниот штаб во Куманово

Сподели со своите пријатели

Претставници од повеќе институции го информирале општинскиот кризен штаб Куманово за состојбата со пандемијата и за работа во услови на пандемија на подрачјето на Куманово, информираа денеска од општинскиот кризен штаб. Од штабот уште еднаш апелираа граѓаните доследно да се придржуваат кон мерките и препораките за заштита од КОВИД-19, донесени од надлежните здравствени институции.

Loading...

 

 

Во кусото соопштение од штабот се нагласува дека денеска во просториите на Општина Куманово се одржал состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со преземање на активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона-вирус).

 

 

Loading...

– На состанокот претставниците од институциите дадоа информации за работата во време на КОВИД состојбата. ОШЗС ја следи состојбата со ширење на вирусот на територија на Општина Куманово, ќе заседава редовно и препорачува граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од КОВИД 19 донесени од страна на Министерство за здравство и Комисија за заразни болести-информираат од кризниот штаб.

Leave a Reply