Денеска започнуваат рамазанските пости

Сподели со своите пријатели

Почетокот на Рамазанскиот пост го означува муслиманскиот пост кој се врши во целиот месец Рамазан, почнувајќи од имсак, па се до акшам, значи од пред зори, па се до зајди сонце.

Рамазанот е свет месец за муслиманите. Во месецот Рамазан се имаат случено многу битни работи од раната исламска историја, тоа е месец на постот, месец на трпението и воздржувањето, месец на несебичноста, дарежливоста  и филантропијата, месец на интензивирање на богоугодните дела, месец на преиспитувањето со себе си, месец на милоста, прошката и спасот.

Времето за ифтар и суфур

Во Скопје, времето на ифтар (кога завршува постот), денеска е во 20 часот и 13 минути, додека времето на суфур (кога почнува постот) e во 2 часот и 45 минути.

Времето на ифтар и суфур во Прилеп и Куманово почнува една минута порано, во Велес 2 минути порано, Штип 3 минути, во Кочани 4 минути, во Струмица и Валандово 5 минути, а во Делчево 6 минути порано.

За разлика од времето на ифтар и суфур во Скопје, во Ресен и Битола тие почнуваат една минута подоцна, во Тетово, Гостивар и Кичево 2 минути, а во Охрид, Дебар и Струга 5 минути подоцна.