Денеска врнежливо со услови за невреме

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локални врнежи од дожд и грмежи.

Loading...

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, на места ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на невреме со засилен ветер и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21 степени.

И утре ќе се задржи променливо облачно време наместа нестабилно со пороен дожд, а локално ќе има услови процесите да бидат во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и појава на град. За викендот времето ќе биде сончево и значително потопло, а од понеделник во попладневние часови повторно се очекува појава на локален дожд и грмежи.

Leave a Reply