Денеска услови за слаби врнежи од снег

Сподели со своите пријатели

Во текот на денешниот ден ќе започне да дува умерен ветер од северен правец, од каде ќе се спушта постуден воздух кој ќе донесе заладување, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.

Во Куманово, на претпоследниот ден од оваа година ќе имаме слаби услови за врнежи од снег, претежно на повисоките предели, а ќе дува и ветер од северен и северозападен правец со брзина од 33 километри на час. Температурата ќе биде во интервал од максимални 3 степени, додека во текот на ноќта температурата ќе падне 10 степени под нулата.

Веќе во четврток ќе имаме рекордно ниски температури за новогодишната ноќ, а според досегашните најави за Куманово ќе имаме температура од -15 степени целзиусови.

Во среда ќе преовладува променливо облачно, ветровито и студено време со слаб локален дожд и снег, особено во југоисточните делови.

До недела ќе се задржи суво и студено време, додаваат од УХМР.