Денеска услови за слаб снег, од вторник пораст на температурите

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во претпладневните часови ќе биде сончево, а во попладневните облачно, ифнормираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Сосема на север и североисток од земјата може да се појават слаби услови за насег. Ќе дува слаб ветер претежно од северен правец.

Утринава во Куманвоо беа измерени рекордни -13 степени целзиусови, додека најстудено во целата држава беше во Берово со измерени дури -22 степени. Во околината на Куманово денеска можеме да очекуваме слаби пројевувања од снег и во дневните и во вечерните часови. Пораст на утринските и дневните температури ќе започне уште ноќва кога температурата ќе оди само до -6, додека денес во текот на денот вреднсота ќе виде еден степен во негатива.

Во викендов ќе се задржи стабилно, суво и студено време со ниски утрински температури, кои на повеќе места ќе се спуштат под -10 степени.

Во понеделник наутро студено, а навечер и во ноќните часови кон вторник ќе има услови за појава на слаб локален снег. Од вторник ќе има постепен пораст како на утринските, така и на дневните температури и ќе настапи период на позитивни дневни температури.