Денеска услови за дожд и невреме

Сподели со своите пријатели

Денеска претпладне во Македонија времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Loading...

Попладне најпрвин во западните, а во вечерните и ноќните часови и во останатите подрачја времето ќе биде облачно со повремен дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни, проследени со грмежи и засилен до силен ветер. Локално ќе има услови за појава на невреме.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 28 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со сончеви периоди во претпладневните часови. Попладне се очекува нестабилност проследена со грмежи и врнежи од дожд.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Уживајте во сонце!

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен, односно југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи околу 13 степени, а максималната дневна се очекува да достигне до 24 степени целзиусови.

 

 

Утре во кумановско ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи во интервал од 8 степени во утринските часови до максимални 21 во текот на денот.

 

 

Loading...

Во текот на следната работна недела ќе се задржи претежно суво и сончево време.

 

Никола Ивановски