Денеска студено и ветровите, од утре стабилизација на времето

Сподели со своите пријатели

Во текот на ноќта беше облачно, во првата половина од ноќта со врнежи од дожд во пониските и снег на повисоките места и на планините. Поради спуштање на постуден воздух, проследен со засилен северен ветер, врнежите преминаа во снег и во пониските места, а поинтензивни беа во западните делови. Во Скопје-З.Рид, Битола и Штип ветерот достигнуваше брзина до 55км/ч. Во раните утрински часови врнежите насекаде престанаа, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Претпладне променливо облачно, во северните и источните делови се уште ќе има провејување на слаб снег. Преку денот облачноста ќе се намали и ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието и во Пелагонија, каде на места ќе достигнува брзина и над 70км/ч. Максималната температура ќе се движи од 0 до 6 степени.

Во Куманово и околината во теткот на денот ќе имаме претежно облачно време со услови за слаб снег. Максималната дневна температура ќе изнесува 2 степени целзиусови, а ќе дува засилен северен ветер.

Од утре па се до крајот на неделата ќе биде стабилно со ниски утрински температури, кои ќе бидат во нтервал од -9 до -2 степени а дневните ќе бидат во постепено покачување.