Денеска состанок на Националниот совет за безбедност на Полска

Сподели со своите пријатели

Полскиот претседател Анджеј Дуда за денеска свика состанок на Советот за национална безбедност, соопшти шефот на неговиот кабинет, Павел Шрот.

Loading...

„Претседателот Анджеј Дуда одлучи да го свика Советот за национална безбедност за утре“, напиша Шрот на Твитер во вторник навечер, пренесува РИА Новости.

Полските медиуми претходно во вторникот објавија дека две ракети наводно паднале на полска територија на границата со Украина, предизвикувајќи експлозија во која загинаа две лица.