Денеска сончево со температури до 25 степени

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и претежно во планинските делови ќе има услови за појава на краткотраен дожд.

Loading...

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, минималните температури ќе се движат од 4 до 10 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервал од 17 до 25 степени целзиусови.

Во вторник од претпладне ќе дува особено на запад засилен западен ветер и ќе има услови за краткотрајна нестабилност преследена со пороен дожд и грмежи. Потоа ќе продолжи период на малку посвежо време со повремено зголемена облачност и краткотраен пороен дожд претежно попладне.

Преодно постабилно време се очекува во петок кога и температурите малку ќе се покачат.

Leave a Reply