Денеска сончево и топло, од утревечер врнежи од дожд

Сподели со своите пријатели

Во текот на ноќта беше претежно ведро, а во западните делови и вдолж Повардарието имаше преодно зголемување на облачноста. Во повисоките места дуваше слаб до умерен јужен ветер. Изутринава e сончево со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во текот на денот во поголем дел од земјата ќе биде сончево со умерена облачност, а во западните делови значително облачно. Ќе дува слаб јужен , а во западните делови умерен западен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14 степени.

Во Куманово и околината ќе имаме претежно сончево време со максимална температура од 9 степени целзиусови.

Утре ќе биде променливо облачно, во вечерните часови со врнежи од дожд, кои ќе продолжат и во сабота. Пообилни врнежи се очекуваат во западните делови. На повисоките планини ќе има врнежи од снег. Ќе биде релативно топло со засилен, а на моменти и силен јужен ветер. Повремени врнежи ќе има и во недела, а во понеделник ќе настапи преодно стабилизирање.