Денеска со услови за дожд и грмежи

Сподели со своите пријатели

Денеска во претпладневните часови ќе се задржи сончево време со мала облачност и со слаб ветер од променлив правец. Во попладневните часови не очекува претежно умерен северен ветер кој денес и утре ќе донесе нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи особено во централните и источните делови од земјата.

Loading...

Северниот ветер ќе потрае и во следните денови, а нестабилно и посвежо и за 3 до 5 степени ќе биде во петок. И во петок нестабилноста со пороен дожд и грмежи ќе биде позастапена попладне и кон јужните делови од земјата, а во моментите на пороен дожд ќе дува и повремено засилен ветер. Во сабота нестабилноста ќе биде послаб но ќе останат условите за појава на пороен дожд од пладневните часови.

Што се однесува до Куманово, денеска не очекува променливо облачно време проследено со повремени грмежи и врнежи од дожд во текот на целиот ден. Максималната дневна температура ќе изнесува 28 степени, што е значително помалку од температурите кои ги имавме, додека минималната ќе се спушти на 14 степени целзиусови.