Денеска претежно облачно, утре услови за дожд

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец, особено вдолж Повардарието, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од јужен, односно југоисточен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу четири степени, додека максималната дневна температура се очекува да се искачи до 11 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Утре и во сабота во кумановско се очекуваат врнежи од дожд.

Никола Ивановски