Денеска претежно облачно, утре наместа услови за дожд

Сподели со своите пријатели

Денешното утро во Македонија ќе биде студено, а преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, поголема во западните делови.

Loading...

По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен, а попладне на места засилен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -2, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисток. Утринската температура ќе биде два степени над нулата, додека максималната дневна се очекува да достигне девет степени целзиусови.

 

Loading...

 

Како што посочуваат од Управата за хидрометеоролошки работи, утре ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а за време на викендот во поголем дел од земјава ќе биде суво.

Врнежи на повеќе места повторно ќе има од понеделник. На планините и на некои повисоки места врнежите ќе преминуваат во снег.

 

Никола Ивановски