Денеска претежно облачно и свежо време

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде претежно облачно со умерен ветер од северен правец, особено долж Повардарието, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Во утринските часови во Пелагонија и Полог ќе биде магливо со ограничена хоризонтална видливост до 500 метри. Во ноќните часови во западните и северозападните делови повремено ќе провејува снег.

Што се однесува до Куманово и околината, денеска може да се очекува релативно пониска температура во однос на изминатите денови. Времето ќе биде претежно облачно со минимални сончеви периоди во текот на денот. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.

Температурата ќе биде во рамките од два степени под нулата како минимална вредност, до три степени во позитива како највисока дневен максимум.

Утре ќе биде променливо облачно на места со умерен северен ветер, попладне облачноста ќе се намали. За време на викендот ќе преовладува сончево и малку потопло време со мала до умерена облачност, додаваат од УХМР.