Денеска православците го одбележуваат Благовец

Сподели со своите пријатели

Денеска е свето Благовештение, или меѓу народот попознато како Благовец. На денешен ден, ангелот Гавриил ѝ се јави на Пресвета Дева во архангелска светлина и ѝ рече: „Радувај се, благодатна! Господ е со Тебе!“ Со оваа архангелска благовест и со слегувањето на Светиот Дух врз Пречистата Дева, започна спасението на луѓето и обновата на созданието. А историјата на Новиот Завет значи радост за човештвото и за сета твар.

Денес е почеток на нашето спасение и откривање на вечната тајна: Синот Божји станува Син на Дева, и Гаврил објавува блага вест. Затоа и ние да извикаме кон Богордица: Радувај се, Благодатна, Господ е со Тебе!

 (Од Верскиот календар на МПЦ)