Денеска повторно нестабилно време


Уште рано утринава слабо изразена нестабилност има во пошитокиот регион околу Охридското Езеро. Ноќта, конечно, беше малку посвежа и попријатна.

Денска повторно се очекува нестабилно време, со услови за локален пороен дожд во попладневните часови. Повторно западниот регион ќе биде оној во кој врнежите ќе бидат позастапени.

Loading...

Сепак, денешната атмосферска нестабилност и процесите врзани со неа ќе бидат значително послаби од вчерашните!

Температурата ќе биде умерено „висока“. Најтопло, но само до околу 35°С се очекува да биде во јужниот дел на повардарието. Посвежо, околу 30°С, ќе биде во југозападниот регион, а во котлините во северниот крај максималната нема да надмине 33°С.

Во Куманово времето денеска ќе биде сончево до умерено облачно. Дневната температура ќе се движи од минимални 15 до максимални 32 степени целзиусови.


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.