Денеска попладне услови за пороен дожд и невреме

Сподели со своите пријатели

Врмето денеска претпладне променливо облачно. Од пладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи на повеќе места, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (понекаде и над 10 л за 3 часа), со засилен ветер и со појава на град.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме променливо облачно време во претпладневните часови со наизменични сончеви периоди. Во текот на попладневните часови ќе настапи зголемување на облачноста ќе донесе услови за нестабилност и врнежи од дожд во комбинација со електрични празнења.

Максималната дневна температура во кумановско денеска ќе достигне 28 степени целзиусови.

Никола Ивановски

Leave a Reply