Денеска пообилни врнежи од дожд и ветер со над 30 километри на час

Сподели со своите пријатели

Во текот на изминатата ноќ имавме повремени врнежи од дожд, претежно во северозападните делови, а во текот на денешниот ден истите ќе се прошират насекаде, псоебно во претпладневните часови.

Loading...

Дожд од побилен карактер се очекува во западните и источните делови од земјата, каде на места ќе надминат и 20 литри на метар квадратен, додека на највисоките планини ќе има услови за повремен снег, информираат од УХМР.

Во Куманово во текот на денешниот ден по ветровитата ноќ не очекува облачно време со врнежи од дожд, а ветерот со брзина над 30 километри на час и денес ќе дува од југоисточен правец. Максималната дневна температура ќе изнесува 12 степени, додека минималната ќе се спушти до четвтиот степен.

Во понеделник, вторник и среда ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд.

Утринските температури ќе останат позитивни, но заедно со дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање, стои во вчерашниот извештај на Управата за хидрометеоролоши работи.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.