Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Во утринските и претпладневните часови на повеќе места се очекуваат пообилни врнежи (локално над 20 л/м2), информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Loading...
Претежно во источните делови ќе има услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Дневната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени.
Во наредниот период ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, проследени со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Повеќе сончеви периоди и претежно стабилно ќе биде во четврток.