Денеска облачно, студено и ветровито, од утре стабилизација на времето

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно, студено и ветровито, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Претпладне во северните и источните делови со повремени врнежи од снег со послаб интензитет. Ќе дува засилен северен ветер, кој во источните делови и вдолж Повардарието ќе достигнува брзина и над 60 км/час.

Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 0, а максималната ќе достигне од 4 до 12 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди, но и услови за слаби врнежи од дожд.

Температурата во утринските часови ќе изнесува околу нулата, а максималната дневна се очекува да достигне пет степени целзиусови.

Loading...

 

 

Според УХМР, од четврток следува период на стабилно време, до сабота со ниски утрински температури, кои на повеќе места ќе бидат под нулата, а дневните ќе бидат во пораст.

Никола Ивановски

Leave a Reply