Денеска не очекува типично есенско време

Сподели со своите пријатели

Стартот на новата работна недела ќе го обележи генерално облачен ден, но без поголеми услови за дожд, освен во западниот планински дел од земјата каде може да се очекува краткотраен дожд.

Loading...

Температурата ќе има вредности околу 20°С во севрниот дел на повардарие и котлините од источниот крај, а околу 23°С во јужниот дел. Околу 19°С ќе биде вредноста на максималната температура во југозападниот регион.

Во Куманово времето денеска не очекува претежно облачно време, но со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб северозападен ветер, а утринската температура ќе изнесува 8 степени, додека во текот на денот таа ќе достигне максимални 16 степени целзиусови.

Слично време ќе имаме и во наредните неколку дена.

Извор: метеопро.мк/accuweather


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.