Денеска на пониските места дожд, а на повисоките снег

Сподели со своите пријатели

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи денеска може да очекуваме променливо облачно време, претпладне со слаби врнежи од дожд и умерен ветер од северен парвец.

Loading...

На планините и на повисоките места ќе имаме врнежи од снег. Темепратурата ќе се движи во интервал од 4 до 10 степени целзиусови.

Во Куманово денеска не очекува променливо облачно време со повреемени врнежи од дожд и температура од минимални два степени под нулата, додека максималната дневна ќе се искачи само до шестиот степен во позитива.

УХМР во своето известување пишува дека моментално провејува во Куманово, но тоа сигурно важи за високите ридско-планински предели од градот, затоа што во останатите делови нема никакви врнежи утринава.

Утре времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен, а долж Повардарието повремено и засилен северен ветер.  Претпладне во западните делови ќе провејува снег.

Од понеделник ќе преовладува стабилно време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.