Денеска мало освежување, од утре повторно покачување на температурите

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде променливо облачно и свежо со засилен северен ветер и повремени локални врнежи од дожд кон пладне со појава и на ретки грмежи. Попладне врнежите ќе престануваат., информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималните температури ќе се движат од 13 до 20, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 21 до 29 степени целзиусови.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме исто така посвежо, сончево до умерено облачно време со изолирана локална појава на грмежи и слаб дожд. Ќе дува засилен северен, односно северозападен ветер, додека максималната дневна температура ќе достигне 22 степени целзиусови.

Во вторник се уште ќе дува повремено засилен северен ветер, а ќе започне период на стабилно време со постепено покачување на температурата.

За следниот викенд ќе има изгледи за нови врнежи и нестабилност.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.