Денеска ќе имаме релативно сончев ден, од утре нов влажен бран

Сподели со своите пријатели

Како што пренесува порталот метеопро.мк, денеска не очекува релативно сончево време, со повремена умерена облачност и слаб ветер.

Loading...

Ќе се разбудиме со ведро утро, но со температура од 8 до 11 степени низ поголемиот дел од котлините, додека на местата со повисока надморска височина не очекуваат и пониски температури.

Во текот на денот ќе биде релативно топло со максимална температура во рамките од 24 до 27 степени во Повардарието, околу 24 во котлините од источниот регион и 22 степени целзиусови во низините во западниот дел.

Во околината на Куманово денеска во текот на денот можеме да очекуваме повеќе сончеви периоди со слаб ветер од северен правец.

Утринската температура ќе изнесува 9 степени, додека максималната дневна ќе достигне вредност до 22 степени целзиусови.

За времето во наредните неколку денови, како што веќе објавивме во текот на вчерашниот ден, од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека од среда нашето подрачје ќе биде под влијание на серија од влажни воздушни бранови од Медитеранот.

Времето ќе биде променливо, а на места значително облачно со повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат обилни и се очекува на повеќе места да наврнуваат над 20 л/м2 воден талог (дневно).

Извори: метеопро.мк/УХМР/accuweather