Денеска ќе биде објавен добитникот на Нобелова награда за медицина

Сподели со своите пријатели

Името на добитникот на овогодинешната Нобелова награда за медицина и психологија ќе биде објавено денеска во Институтот Каролинска во Стокхолм.

Loading...

Меѓу можните добитници на наградата се истражувачи кои учествувале во развојот на технологијата mRNA, која се користи во вакцините против корона, која спаси животи на милиони луѓе ширум светот, објави АП.

Добитници на минатогодишната награда за медицина беа американските научници Дејвид Џулиус и Ардем Патапутиан за нивните откритија за начинот на кој човечкото тело ја регистрира температурата и допирот.

Наградата за медицина се отвора неделата кога се објавуваат Нобеловите награди – утре ќе биде за физика, среда за хемија и четврток за литература.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Индија – На над милион избирачки места ќе се гласа до 1 јуни

Името на годинашниот добитник на Нобеловата награда за мир ќе биде објавено во петок, а за економијата на 10 октомври.

Паричната сума на наградата е околу 900.000 долари, а на добитниците ќе им биде врачена на 10 декември во Стокхолм.