Денеска итен состанок на Советот за безбедност на ОН

Сподели со своите пријатели

Советот за безбедност на ОН во понеделник ќе одржи итен состанок зад затворени врати за да разговара за најновата ескалација на конфликтот меѓу Израел и палестинскиот исламски џихад во Појасот Газа, изјави палестинскиот амбасадор во ОН Ријад Мансур.

Loading...

Состанокот беше побаран од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), членка на Советот, заедно со Кина, Франција, Ирска и Норвешка, се наведува во изјавата на директорот за стратешки комуникации на Министерството за надворешни работи на Емирати, Афра Махаш ал Хамели, пренесува Бета.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Саудискиот принц стана премиер

„Обединетите Арапски Емирати ја нагласија потребата да се врати смиреноста во Појасот Газа, да се намали ескалацијата и да се спасат цивилни животи“, рече таа, додавајќи дека Абу Даби „изразува длабока загриженост поради сегашната ескалација и повикува на максимална воздржаност за да се спречи нејзино лизгање во нови нивоа на насилство и нестабилност“.

Палестинската мисија повика на прекин на израелската агресија

На состанокот во понеделник, членовите на Советот за безбедност ќе разговараат за најновите случувања и како да се „поддржат меѓународните напори за постигнување сеопфатен и праведен мир“, објавија израелските медиуми.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Норвешка ја зајакнува безбедноста на гасните и нафтените капацитети

Одлуката за средбата е донесена неколку часа откако палестинската мисија во ОН им се обрати на членките на Советот за безбедност и ги повика, како што се наведува во соопштението на кабинетот на палестинскиот амбасадор, „да ги преземат (нивните) одговорности да го запрат Израелската агресија врз палестинскиот народ во Појасот Газа и обезбедување меѓународна заштита на палестинскиот народ“.