Денеска и утре пролетни температури

Сподели со своите пријатели

Времето утринава е претежно ведро и не многу студено време. Дува умерен ветер од северозападен правец, поизразен е долж Повардарието.

Loading...

Според синоптичарите на Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на денот ќе имаме сончево време со мала локална облачност. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец, долж Повардарието повремено ќе се засилува, и ќе достигнува брзина до околу 40 км/час. Температурата на воздухот ќе биде во значително покачување. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15 степени.

Во петок времето ќе биде претежно сончево со значителен пораст на дневната температура. Во поголемиот дел од земјава максималните температури ќе бидат во интервал од 15 до 20 степени. Повторно зголемување на облачноста со услови за слаб локален дожд ќе има в сабота, а од недела се очекува повторно стабилизирање на временската состојба.

Leave a Reply