Денеска и утре делумно облачно, а од понеделник нови врнежи

Сподели со своите пријатели

Од Управата за хидромтеоролошки работи информираат дека во текот на денешниот ден времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди кои повеќе ќе бидат застапени во источните делови, додека возападните ќе има услови за слаб локален дожд.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринска температура ќе биде во интервал од 7 до 16, додека максималните дневни ширум земјата ќе се движат во рамките од 17 до 22 степени.

Што се однесува до околината на Куманово во текот на денешниот ден не очекува претежно облачно време, но без услови за врнежи. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец кој на моменти ќе достигнува брзина од 20 километри на час, а температурата ќе биде во рамките од 10 степени во минимум, до максимална дневна вредност од 19 степени. Слично време кумановци може да очекуваат и во недела, а од понеделник нови врнежи со поинтензивен карактер.

Во недела во Република Македонија ќе преовладува променливо облачно и малку потопло време со подолги сончеви периоди. Слично време и кумановци може да очекуваат во недела, а од понеделник нови врнежи со поинтензивен карактер.

Од понеделник попладне се очекува нашето подрачје да потпадне под влијание на влажна и постудена воздушна маса, што ќе услови врнежи од дожд со променлив интензитет, засилен северен ветер и позначителен пад на температурата од среда.