Повеќе локации во Куманово денеска и утре ќе останат без електрична енергија во одредени периоди од денот.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи во период од 11:30 до 14:00 часот прекини во снабдувањето со електрична енергија ќе има на улиците „Солунска“, „Пере Тошев“, дел од „Димитар Влахов“, „Питу Гули“, дел околу Стара црква.
Во периодот од 08:00 до 11:00 часот денеска без напојување ќе останат корисниците од зграда Нико, дел од бавчи,корисниците од „Димитар Влахов“, „Стојан Сликар“, „Иво Лола Рибар“ и „29 Ноември“.
Во текот на утрешниот ден во период од 11:30 до 14:00 часот прекини ќе има на улиците „Пионерска“, „Партизанска“, „Прохор Пчињски“, „Димитар Влахов“, Уни банка и ресторан Баба Цана.
Во периодот од 08:00 до 11:00 часот утре прекини се најавени за дел од корисниците на улиците „Димитар Влахов“, „Стојан Сликар“, „Иво Лола Рибар“ и „29 Ноември“.
Никола Ивановски