Денеска и утре без струја големи делови на Куманово и околните села

Сподели со своите пријатели

Голем дел од Куманово и околните села денеска и утре ќе бидат без електрична енергија.

Loading...

Прекините денеска ќе бидат во руралните, а утре во урбаните средини.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, денеска во период од 08:55 до 11:00 часот прекини на електричната енергија ќе има во селата: Горно Јачинце, Долно Јачинце, Стрезовце, Добрача, Свиланце, Бељаковце, Макреш, АИК Оранжерии, Бајловце, Аљинце, Жељибино, Дренак, Обвлавце, бензинска ВиенаПетрол, Сув Ора, Руѓинце, Карпино, Војник, „Визиана“, Клечовце, Зубовце, Новосељане, Косматац, Мургаш, Кутлибек, Пезово, Кшање, Кокошиње, Скачковце, Душан Млин, Колитско, Габреж, Кучкарево, Градиште, Репетитори Градиште, млин Моша Мел, Мл.Нагоричано, Каменчиња, Ст.Нагоричано, Драгоманце, Стрновац, Белле Грамаде, Еврос Комерц, Беламарци, Света Петка, Коинце, Гулиновац, Викендице Алгушница, Пелинце, Алгуња, Карабичане, Табановце АИК, Муталово, Никуљане, Четирце, Аква Кокино, Драгоманце, Пузаљка, Жегљане, Степанце, Малотино, Кокино, Рамно, Арбанашко, Осиче, Дејловце, Базна ст.Перен, Длабочица, Буковљане и Цветишница.

Сепак прекини на електричната енергија ќе има и утре. Во период од 08:00 дп 14:00 часот без електрична енергија привремено ќе бидат жителите на Бабин Дол, улиците „Васко Карангелевски“, „Лесковачка“, „Мирче Ацев“, „АВНОЈ“, „АСНОМ“, „Никола Михајловски –Брада“, селото Проевце, локалитетот Митев Мост, Донков млин, Велиновски, Бучен Козјак, Винарија, Здруженије на возачи, населбата Вера Которка, Игор 97,Јорго Комерц, Доброшане, Бензинска Детоил, Озирум, Сепарација, Асвалтна база- В Груп,Шуљи камен,Орашац и Млин Јогупка.

Во период од 12:00 до 14:00 утре прекини ќе има во компаниите Оли Оникс, Махагони, Филанд, Куљар, Топ Спин, Екстра меин, Агро про, Кланица, Џино, Брзи Комерц, Прочистителна станица Доброшане, Пумпна станица Доброшане и Интершпед.

Станува збор за планирани прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенција во дистрибутивната мрежа.

Никола Ивановски

Leave a Reply